Набилдај се со информации од Маркетинг и ПР светот !

За акцијава веќе пишуваа Јоцо на iBrand и Ива на Social Ideas Blog , и воопшто не ми е намера да се повторувам со нив или да се само-фалам :) …но многу луѓе ми побараа да некаде ставам повеќе слики….па… еве погледнете како испадна акцијата што не толку одамна ја реализиравме ние од SunWireless, а чија цел беше да Скопјани ги запознаеме со новиот интернет оператор во градот – SunWireless.

Стикери, потсетници, sticky notes…можеме да ги крстиме како сакаме :)

Тие служат како забелешки, што треба да направиме…
Тие служат и да не потсетат дека е време за нешто…
За што служат стотици стикери, излепени по канделабри, автобуси, автобуски постојки, клупи, бандери, кафемати, банкомати, огласни таблоа, автомобили, сообраќајни знаци, влезни врати….
Видете од сликите :)
SunWireless - Милион Стикери
Photo0084

SunWireless - Милион стикери

Photo0088

SunWireless - Милион стикери

SunWireless - Милион стикери

Photo0090

SunWireless - Милион стикери

Photo0102

Photo0135

SunWireless - Милион стикери

На блогов претходно еднаш веќе зборував за маркетинг-миксот и потребата од негово ревидирање во статијата “Време ли е “4-те P“ од маркетинг миксот да добијат ново “П“ ?“ во која зборував за “Луѓето-како ново P“ во контекст на новото опкружување со поими како Social Media, Social Customer, Social Commerce, Social Business се до Social CRM…а [...]

Утре, 18-ти мај, Facebook започнува со слободна продажба на своите акции. Дали би сакале да поседувате барем една акција во ваква голема компанија? Без брокери и без никакви малтретирање можете да дојдете до една симболична вистинска акција иако тоа ќе ве чини повеќе отколку ако ја купите истата акција преку брокер. Постојат неколку веб сајтови [...]

Амстердамската компанија за снабдување со вода (амстердамски водовод ) Waternet, ја ангажирала маркетинг компанијата Achtung! да смисли кампања со која на иновативен начин ќе укажат на проблемот со “мочковците во каналите“ низ Амстердам и да ги стимулираат минувачите кои имаат физиолошка потреба да ја “погодат вистинската дупка“.
Години наназад Waternet си имале  мака со [...]

Една позната аксиома која потекнува од учењето на Ајнштајн вели – Ништо не е апсолутно, туку во сè се наоѓа одредена доза на релативност.  Секако станува збор за гениј такашто и денес нема многу простор за преиспитување и пренасочување на неговите учења. Како и да е во неговото време не постоеше едно нешто. Не постоеа [...]

Socialnumbers е алатка за статистика на социјални медиуми кој нуди богати информации за Facebook страниците. Целта на Socialnumbers е да ги покрие статистиките на социјалните медиуми и деловната интелигенција во менаџмент со заедниците и да ги претстави најдобрите агенции и најдобрите случаи кои се работат на глобално ниво. Клучниот бенефит на сервисот е дека нуди [...]

Почитувани читатели на Маркетинг365, особено задоволство и чест ми е што денеска на блогов имам едно мини-интервју со светски познатиот маркетер, често нарекуван “гуру“ на Социјални медиуми, мојот колега Брајан Солис ! Брајан( @briansolis ) е еден од најпознатите светски маркетери, автор e на две книги “Engage” и “The End od Business As Usual” , истакнат [...]

Огромно задоволство ми е што имам можност преку мојот блог да пренесам една вест за успехот на една од најдобрите македонски компании кога станува збор за интернет маркетинг.
За што станува збор?
Компанијата IM.MK стана дел од Preferred Marketing Developer програмата на Facebook што ја прави една од вкупно 232 компании (единствена од Македонија) кои доаѓаат од [...]

Интересна вест која вчера проструи низ сите поважни светски веб сајтови и блогови поврзани со маркетинг и адвертајзинг беше таа дека “PepsiCo” подготвува нова маркетинг кампања во која ќе го користи “ликот“ на Мајкл Џексон.
Пепси објавија дека добиле дозвола од фондацијата која “се грижи“ за ликот и делото на Мајкл, да го користат неговоро име [...]

Во светот одамна познато и применувано, а во Македонија од неодамна донесено и овозможено единствено од SunWireless.

Така накратко би можел да ја претставам услугата HotZone Advertising со која секој бренд и секоја компанија може стриктно да таргетира определена целна група со својата порака.
За Што станува збор?
Кога ќе тргнеме да ја анализираме самата кованица “HotZone Advertising“ [...]