QR кодови
Можеби не сите знаат што претставуваат и каква е историјата на QR кодовите , но сигурен сум, дека барем сите досега го виделе овој код на сметките за струја. Иако QR кодовите(на сликата подолу е претставен QR кодот на блогов) во Република Македонија воопшто не се користат, или се користат во исклучително малце ситуации , нивната примена во маркетинг и адвертајзинг индустријата ширум светот во последниве 2-3 години зема голем замав.

Во овој пост ќе се обидам накратко да ги објаснам QR кодовите ,нивната историја и да Ви презентирам можности каде можете да ги генерирате и каде можете да симнете посебен софтвер за да ги читате – а во наредниот пост ќе зборувам за можностите на нивна примена во маркетиншки цели.
QR или Quick Response кодот претставува матричен (дводимензионален) баркод во кој можеме да енкодираме секаков вид на податок : текст, слика, видео, URL и др.
QR кодовите се читаат со помош на секој QR читач, “паметен“ телефон или секој мобилен телефон со камера со соодветен софтвер за читање на QR кодови.
По отчитувањето на кодот Вие директно на вашиот мобилен телефон можете да го видете податокот или информацијата која креаторот на тој QR код ја енкриптирал во кодот, па може да се случи да бидете пренасочени на определена веб адреса или да погледнете некакво видео , без Вие притоа да типкате или избирате нешто плус на мобилниот телефон.
Иако нивната примена во маркетинг индустријата зема замав последниве години , QR кодовите не се ништо ново. Всушност тие се “родени“ уште во далечната 1994 година во Јапонија, во Denso-Wave фирмата-керќа на Тојота.
Доколку се заинтересиравте, и сакате да генерирате QR код, можете тоа да го направите на оваа страница.
Ако сакате да симнете апликација за Вашиот телефон со која ќе можете да читате QR кодовие, Вие можете да го направите тоа на два начини :
со пристап на следниве адреси преку вашиот телефон:
Овие страни автоматски ќе го препознаат вашиот телефон и доколку има соодветен софтвер тие ќе Ве прашаат дали сакате да го симнете и инсталирате на вашиот уред па потоа да можете да читате QR кодови.
или со пристап на следнава адреса преку вашиот компјутер:
http://reader.kaywa.com/register
Од менито најпрво го избирате вашиот модел , го симнувате соодветниот софтвер , па потоа го префрлувате на вашиот мобилен телефон со помош на блутут или кабел за спојување и го инсталирате.
Пријатна забава







